Центарот за управување со кризи извести дека е добиена повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на пат помеѓу Долно Количани и Батинци.
– Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, велат од ЦУК.
