ВМРО-ДПМНЕ: Разрешени се Стоилев и Стоиловски од партиските функции, на Конгресот ќе присуствуваат 800 делегати

Од:

Централниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ вчера одржа седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки поврзани со подготовките за претстојниот редовен партиски Конгрес, закажан за 6 декември во Кавадарци.

– Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот, се наведува во соопштението од ВМРО–ДПМНЕ.

На Централниот Комитет била донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто така била донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

На Централниот Комитет станало збор и за резултатите од последните локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и историски висока победа што претставува одговорност за работа и постигнување на резултати и ветеното пред граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?