Меси повторно ги помести границите – стигна до 400 асистенции во кариерата

Од:

Лионел Меси повторно ги помести границите на фудбалскиот свет и испиша нови страници во историјата на овој спорт.

На натпреварот помеѓу Интер Мајами и Нешвил, кој заврши со резултат 4:0, Меси повторно блескаше. Тој постигна два гола и придонесе со уште една асистенција, што беше особено значајно бидејќи тоа беше неговата 400-та асистенција на официјални натпревари.

Овој уникатен податок го прави еден од најуспешните фудбалери во историјата, бидејќи никој досега не успеал да ја достигне оваа бројка.

Меси има импресивни 29 гола и 19 асистенции за време на регуларната сезона на МЛС. Неговиот настап во плејофот беше подеднакво значаен, бидејќи постигна пет гола и асистираше три пати во само три натпревари.

Овие резултати јасно покажуваат дека Меси е сè уште во врвна форма и неговото време на теренот се чини дека е далеку од завршено.

Би можело да ве интересира

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он