На 29-от „Марш на ангелите“ на семејствата и блиските на жртвите од трагедијата во „Пулс“ во Кочани, родителите побараат од Обвинителството да постапи по доказите кои ги доставиле, а на кои како што велат се гледаат средби меѓу дел од осомничените и оштетени.
– Пред три недели до вашата институција доставивме докажи кои јасно покажуваат како осомничениот, поранешниот градоначалник Ратко Димитровско и оштетено лице седат заедно со што е прекршена мерката на претпазливост. Три недели подоцна се уште немаме никаков одговор. Денеска поднесовме нов доказ, фотографија и информација за нова средба. Овојпат меѓу осомничениот градежен инспектор Николчо Гоцев и оштетено лице. Овој настан сериозно не загрижува бидејќи претставува уште едно прекршување на мерките и создава реална опасност да се влијае на сведоците и оштетените, да се создаде притисок, страв и да се загрози целата постапка и нејзната правичност. Кога се случи оваа трагедија ни беше ветено дека Обвинителството ќе биде со нас, дека заедно ќе бидеме на страната на вистината и правдата. Но, денеска со болка, мораме да признаеме дека таа поддршка ја нема, рече макја на едно од починатите деца кој зборуваше во име на родителите.
Родителите побараа во рок од една недела да има реакција од Обвинителството., во спортивно ќе организираат протести и блокади.
-Се повеќе се сомневаме дека некој наместо да ги гони сторителите се обидува да ги заштити. Ако во рок од една недела не добиеме јасен и конкретен одговор за преземените мерки по доставените докази, родителите се подготвени да преземат посилни јавни и организирани акции. Тоа значи интензивирање на мирните протести, организирани маршеви и собири за да ја побараме правдата што ни следува. Не дозволувајте нечија незаинтересираност да доведе мирните маршеви да прераснат во масновни протести и блокади по кои ќе биде тешко да се врати довербата во институциите. Затоа ве повикуваме да постапите по доказите што ви се доставени. Кога ќе исчезне довербата во правдата луѓето само ќе бараат излез. Не дозволувајте тоа да се случи. Нашата борва нема да престане. Ќе стоиме исправени со болка, но и решителност де додека вистината не излезе на виделина и правдата конечно не биде донесена, беше речено во браќањето.
Маршот на семејствата на жртвите денеска се одржа по традиционалната маршута низ Кочани. Обраќањето беше пред Обвинителството.
Судскиот процес за случајот „Пулс“ почнува на 19 ноември за кога е закажано првото рочиште. На обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, кои ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност.
Во трагедија животите ги загубија 63 млади луже, а над 200 беа повредени.
