Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Од:

Најстудено утрово е на Попова Шапка, 0 степени Целзиусови, а максимални 12 степени се измерени во Гевгелија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, 2 степена се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 3 во Крушево, 6 во Охрид, Претор и Берово, 7 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Виница, 8 во Тетово, Куманово и Штип, 9 Скопје–Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, како и 10 Скопје–Петровец, Велес и Демир Капија.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Битола и Претор наврнало пет литри на метар квадратен, 4 во Тетово, Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 3 во Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп, Крушево, Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Попова Шапка, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Маврови Анови и Лазарополе, како и 1 литар на метар квадратен во Крива Паланка.

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Би можело да ве интересира

Врнежливо со температури до 16 степени

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови

Пролет во ноември до 23 степени

Магливи утра, но сончеви денови во викендот – температурите околу 20 степни

За викендот суво, од понеделник при крајот на денот повторно дожд