Виктор Треневски: Нека ме почекаат два дена, пеш ќе дојдам до Белград

Од:

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец (17 настапи од 1997 до 2004 година) – скопјанецот Виктор Треневски се споменува како потенцијална замена за Срѓан Благојевиќ на клупата на белградски Партизан.

„За мене, како и за мнозинството, ова е добра вест што ја прочитав, но за жал останува само тоа, бидејќи нема контакт со луѓето од Партизан“, изјави Треневски за „Спортски журнал“.

На прашање „ако стигне повик од Хумска“? вели :

„Тоа би ми било голема чест. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би пешачел до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешкo“.

Тој ја започна својата тренерска кариера во 2011 година и тренираше клубови во Словенија и Црна Гора.

Евентуална покана од Партизан би била круна на неговата кариера.

Како играч, тој одигра 88 настапи во црно-белиот дрес и постигна 14 гола во периодот од 1995 до 1998 година.

Би можело да ве интересира

Црвена Звезда го победи Партизан во 177-тото вечно дерби

Горан Наумовски

УЕФА го казни Партизан

(ВИДЕО) Јакимовски: Карпош не се откажува од култната сала „Партизан“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Расистички навреди, Партизан ја објаснува бруталната тепачка на неговите кошаркари

Кошаркарите на Партизан поразени од Дубаи во АБА лигата

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда