Поранешниот англиски фудбалски ас – Дејвид Бекам официјално e прогласен за витез на спектакуларна церемонија одржана во замокот Виндзор, крунисувајќи ја неговата извонредна кариера во спортот и филантропијата.
Придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени трофеи, 115 настапи за репрезентацијата на Англија и безброј незаборавни голови, беше централна тема на настанот.

Дејвид Бекам пристигна на церемонијата облечен во одело специјално скроен под будното око на неговата сопруга, заедно со неа и неговите родители.
Додека чекаше кралот Чарлс III да му додели едно од најпрестижните одликувања во Велика Британија, вниманието на медиумите и јавноста беше насочено кон модната икона до него.

