Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?

– Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив, се наведува во најавата за настанот.

Се очекува Самитот да испита дали хоризонтот на проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западниот Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

– Дали ЕУ е подготвена да биде поголема и поразновидна во иднина? Може ли да ги исполни своите ветувања, а воедно и да ги почитува своите вредности, се додава во најавата.

Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ, на еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и на претседатeлот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и на членот на овој Комитет, Марк Ботенга.

Би можело да ве интересира

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Беа на ист настан, премиерот не кажа до кога Лимани ќе биде министер

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Мицкоски: Квалитетот на животот, а не бројките, е суштината на демографските политики

(ВИДЕО) Предвремени избори годинава нема да има, Мицкоски не вели НЕ за гласање следната година

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан