Само една третина од жителите на Скопје гласале за градоначалник во вториот круг, секое шесто личве неважечко

Од:

Само 35 проценти од запишаните гласачи во Скоје излегле да гласаат во вториот круг. Државната изборна комисија објави дека на вчерашното гласање имало дури 10.528 неважечки ливчиња.

По ошптини, најголема излезеност има во оние каде што во вториот круг се гласаше и за градоначалник. Така, во Аеродром гласале 30.873 граѓани, во Карпош 28.724, а во Центар 20.991 гласач.

Најмала е излезеноста во Сарај, за нијанса подобри се Шуто Оризари и Чаир.

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ победи во вториот круг со 95.572 гласа, додека неговиот конкурент Амар Мециновиќ од Левица освои 61.475 гласа.

Мециновиќ е подобар од Ѓорѓиевски во две скопски општини, Центар и Карпош.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини