Обвинителството ги гони организаторите на борби со кучиња во битолско, Косовец и Грк се во бегство

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.

Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.

Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката.

Би можело да ве интересира

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Побарана подготвителна постапка за четирите малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

Обвинителството бара притвор за гостиварецот осомничен за силување на 14-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он

Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија