Александар Јовановски победи во Кичево

Од:

Кандидадтот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вечерва прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Кичево. Тој им се заблагодари на сите за поддршката.

– Разликата во гласови е голема. Но, сосем доволно да легитимира едно градско водство. Едно ново, чесно и работливо граѓанско водство. Благодарен сум им на сите што се тука, на сите што гласаа за мене, на сите политички партии, на сите вери и националности, изјави Јовановски, нагласувајќи дека од утре почнуваат со работа.

Јовановски, според податоците на Државната изборна комисија од преброени 98,62 отсто од гласовите, освои 52,66 проценти или 14.205 гласа, наспроти неговиот против кандидат Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, кој има 44,15 отсто оли 11.908 гласа.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини