Грозданов победи во Кочани

Од:

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани, Владко Грозданов прогласи победа со 1.400 гласа повеќе од противкандидатот Венко Крстевски, предложен од група граѓани.

– Покрај се што се случи во градот, можам да кажам дека Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е за иднина, за мир и просперитет, а не за раволуција и омраза. Ова не е моја победа, ова е победа за сите нас. Од утре заедно продолжуваме за повторно раѓање на Кочани, рече Грозданов.

Како што ветив, додаде тој во своето прво јавно обраќање на крајот од изборниот ден, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот момент.

„Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија. Време е за неуморна работа, сплотени да го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани, истакна Грозданов.

Во Општина Кочани се гласаше на 63 избирачки места, до 18,30 часот одѕивот беше 40,44 отсто. Бројот на граѓани со прво на глас изнесува 32.503.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини