Според првичните резултати на ДИК во вториот круг за градоначалници во две од четири скопски општини водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром и Карпош, во Центар води кандидатот на СДСМ и Коалицијата, додека во Шуто Оризари кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш.
Во Општина Аеродром од обработени 67,23% од гласовите во вториот круг води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески со освоени 12.492 гласови или 60,55% од вкупниот број на гласови.
Кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски во вториот круг има 6.090 гласа или 29,52% од вкупниот број на гласови.
Во првиот круг Митески доби 16 257 гласа или 49,11 проценти од вкупниот број на излезени гласачи, а Трајановски 6 881 глас или 20,78 проценти.
Право на глас во Општина Аеродром имаат вкупно 68.772 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во вториот круг одѕивот е 44,62% или гласале 20.630 гласачи.
Во привиот круг излезноста беше 48,14 проценти или 33.106 гласачи.
Во Општина Карпош од обработени 67,78 проценти од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски со 9.354 гласа или 47,94% од вкупниот број на гласови.
Актуелниот градоначалник и кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски има 8.260 гласови или 42,33 проценти од вкупниот број на гласови.
Во првиот круг Лукровски доби 10 284 гласа или 34,51 процент од гласовите, а Јакимовски 8 761 глас или 29,40 отсто од гласовите во првиот круг.
Право на глас во Општина Карпош имаат вкупно 56.856 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во втор круг излезноста е 50,63% или гласлае 19.512 гласачи.
Во привиот круг излезноста беше 52,42 проценти или 29.803 гласачи.
Во Општина Центар од обработени 76,20 проценти од гласовите во втор круг води кандидатот на СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник Горан Герасимовски со 8.474 гласови или 52,56% од вкупниот број на гласови.
Кандидатот од Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 6.212 гласа или 38,53 отсто од вкупниот број на гласови.
Во првиот круг Герасимовски освои 8 535 гласа или 38,19 проценти од гласовите во првиот круг, додека Лабудовиќ доби 5 707 гласа или 25,54 отсто од гласовите во првиот круг.
Право на глас во Општина Центар имаат вкупно 44.109 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во втор круг излезноста е 47,97% или гласале 16.123.
Во привиот круг излезноста беше 50,66 проценти или 22.347 гласачи.
Во Општина Шуто Оризари од обработени 73,41% отсто од гласовите во вториот круг води кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш со 3.036 гласа или 55,20 отсто од вкупниот број на гласови.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Ерџан Демир има 2.241 гласа или 40,75 проценти од гласовите.
Во првиот круг Дудуш доби 3 223 гласа или 36,43 проценти од вкупниот број гласови во првиот круг, а Демир освои 1 841 глас или 20,81 процент од вкупниот број гласови во првиот круг.
Во избирачкиот список на општина Шуто Оризари има регистрирано вкупно 23.893 гласачи. Излезноста во втор круг е 31,36 отсто или гласале 5.500 гласачи.
Во првиот круг излезноста беше 37,03 проценти.
