Гласањето беше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност, оценија од коалицијата ВРЕДИ

Од:

Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го сумираше изборниот ден. Тој посочи дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини.

-Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура, истакна Сулејмани.

Тој рече дека очекуваат од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да го спроведе како и во првиот круг, со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.

-Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба. ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси, истакна Сулејмани.

Тој најави и нови прес-конфренции во наредните часови на кои ќе се објавуваат и првичните резултати.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини