Прекршен молк: Низ Шуто Оризари вечерва еден од кандидатите со над 200 луѓе скандираат и агитираат

Од:

Вечерва во Шуто Оризари еден од кандидатите за градоначалник во вториот круг придружуван со 200 до 300 партиски активисти се движат низ населбата и го скандираат името на кандидатот.

Тие откако имаа состанок во партискиот штаб излегоа вечерва по улиците на Шуто Оризари извикувајќи го името на кандидатот.

Жители на Шуто Оризари за А1он тврдат дека ниту една од канцелариите како таа на Народниот правобанител или ОБСЕ не функционира за да го пријават прекршувањето на молкот, а велат и дека никому не му е ни грижа.

А1он има фотографии од вечерашното прекршување на молкот и на сите лица кои се на улиците и скандираат како и кандидатот, но намерно се замаглени за да не го прекршиме и ние молкот како медиум.

Дополнително од Шуто Оризари за А1он наведуваат дека се вршел поткуп со 3000 до 4000 денари во текот на вчерашниот и денешниот ден кај посиромашните граѓани, како и дека има појава на одземање на личните карти.

Би можело да ве интересира

Излезноста во Куманово до 17 часот е 27, 41 процент

До 11 часот гласале 9, 21 проценти од избирачите на вториот круг од локалните избори

Предраг Петровиќ

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

Се гласа во 32 општини, победник е оној што ќе добие повеќе гласови

ДИК: Гласањето се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности