Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

Од:

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе се гласа, само три жени се кандидати за градоначалничка функција.

Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки се Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“, и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Демир Капија.

Во првиот круг на локалните избори 2025 беше избрана само една за градоначалничка– Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Од вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг, тоа претставува 2.2 проценти родова застапеност.

На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.

Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.

Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.

На вториот круг право на глас ќе имаат 1 013 375 граѓани, а гласањето ќе се спроведува во 33 општини каде ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Во Неготино излезеност од 46,03 отсто до 17 часот, во Демир Капија 62,71, во Росоман 63 проценти

Излезноста во Куманово до 17 часот е 27, 41 процент

До 11 часот гласале 9, 21 проценти од избирачите на вториот круг од локалните избори

Предраг Петровиќ

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

Се гласа во 32 општини, победник е оној што ќе добие повеќе гласови