МВР информира дека од 27. до 30.овој месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под дејство на алкохол.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 733 прекршоци за неправилно паркирање, 306 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 32 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 14 пешаци.
Исто така санкционирани се 174 учесници во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас.
