Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкoски при посетата на ГОБ “8-ми Септември” одговори на новинарско прашање во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата работи катастрофално и кажа дека изјавите на Филипче се контрадикторни и какафонични бидејќи Филипче дава свој суд за работата на Владата а за истиот тој период не ја оценува својата работа како претседател на СДСМ и вели дека тоа време е прекратко.

– Сега Венко Филипче е претседател на сеуште најголемата опозициска партија во Македонија тој, нормално да ја оценува така Владата бидејќи мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните, тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина нецели еве во декември ќе биде одкако е избрана и тука дава свој суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателствување за истиот период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот период како таа работи. Мислам изјавите се какафонични и една со друга контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака којашто треба СДСМ да ја испраќа но добро, тоа си е нивна работа тие знаат како најдобро како треба, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски