Манасков не се враќа во репрезентацијата: Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени

Од:

Македонскиот ракометар Дејан Манасков, играчот на битолски Еурофарм Пелистер се најде на списокот за пријателските дуели со Јапонија, но на социјалните мрежи објави дека во моментов нема простор за негово враќање во репрезентативниот дрес.

„Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.

Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.

После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“, порача Дејан Манасков.

Манасков последен пат дресот на Македонија го носеше на СП 2019 во Полска.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометари добија тешка група на ЕП 2026

А1он

Македонија ја совлада Литванија во Скопје и се пласираше на ЕП 2026

А1он