Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

Од:

Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори, изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.

„Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува. Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина. Во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен“ порача Трајановски.

„Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани. Благодарам за довербата – продолжуваме заедно, посилно од кога било! Заедно можеме повеќе. Заедно ќе успееме“ рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Трајановски: Пензионерски домови достапни за сите и практично решение за паркирањето во Скопје

Трајановски: Нови катни гаражи, современи пензионерски домови и субвенции за достоинствена старост

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии