Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг. Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474.
Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто на Локалните избори во 2017 и 50,57% на Локалните избори 2021 година.
Излезноста во вториот круг на локалните избори генерално е секогаш помала, споредено со првиот круг.
На овие избори во три општини не беше постигнат потребниот цензус на излезност од над една третина од запишаните избирачи и тоа во Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште.
Ова беа четврти локални избори на кои се избираа градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Имаше вкупно 309 кандидати за градоначалници, што беше зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници. Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.