ВИДЕО: Герасимовски и Лабудовиќ одат во втор круг во Центар

Од:

Кандидатот на СДСМ за општина Центар, Горан Герасимовски, ќе се натпреварува во вториот изборен круг против кандидатот на движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.

Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои му ја дале довербата и го оцени изборниот ден како мирен и успешен.

„Среќен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да излезат на изборите и да донесат вистинска одлука. Центар денеска победи. Денес извојувавме убедлива победа – победивме на 95 проценти од избирачките места“, изјави Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните да се обединат во вториот круг, за, како што рече, „да се продолжи со развојот и напредокот на општината“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

На 11 јануари ќе се гласа во општините каде што немаше цензус

Катерина Ѓуровски

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте