Од владеjачката ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека вќее се избрани градоначланиците во неколку градови каде што тие победиле. Од партијата најавуваат успех и во Струмица.
– Веќе се избрани градоначалници: Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, на прагот е ВМРО ДПМНЕ на огромна победа во Струмица, се вели во информацијата до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.
Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие градоначалник во Струмица.
Тој рече дека за Град Скопје очекувањата се дека нивниот кандидат Орце Ѓеорѓиевски ќе има убедлива предност и дека можеби неколку илјади гласови ќе одлучуваат дали тој ќе победи во првиот круг од изборите.
ВМРО-ДПМНЕ објави нови бројки од изборите во трките за граодначалници.
Струмица
ВМРО-ДПМНЕ 3460
СДСМ 1967
Гевгелија
ВМРО-ДПМНЕ 2549
СДСМ 890
Илинден
ВМРО-ДПМНЕ 4232
СДСМ 423
Левица 384
Бутел
ВМРО-ДПМНЕ 4833
СДСМ 749
ДУИ 2017
Гази Баба
ВМРО-ДПМНЕ 5418
СДСМ 1611
Левица 1203
Кисела Вода
ВМРО-ДПМНЕ 2736
СДСМ 833
Левица 830
Ѓорче Петров
ВМРО-ДПМНЕ 6069
СДСМ 2144
Левица 1808
Аеродром
ВМРО-ДПМНЕ 3582
СДСМ 1510
Левица 1380
Битола
ВМРО-ДПМНЕ 4391
СДСМ 1497
Поинаку 1533