1.451 домашни и странски набљудувачи ќе ги следат денешните избори

Од:

Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари.

Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „ЗА ТЕТОВО“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клув „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ Центар за слобода – Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности ТРИ СИ КОНСАЛТИНГ – Скопјe T – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 27 набљудувачи, Национална мрежа Жените за жените – 20, Национален Ромски Центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово – четорица, Национален ромски центар, Куманово – двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола – еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА – 11, Институт за социјална промена ИНСОК – 10 и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ – 10.

Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР -Канцеларија за демократски институции и човекови права – 524, Aмбасада на САД во Скопје – 30, Европски Парламент – 12, Британска Амбасада во Скопје – 11, Државна Изборна Комисија на Хрватска – двајца, Унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина – еден, Меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ – седум, Амбасада на Франција – девет, Амбасада на Кралството Холандија – десет, Институт за соработка и развој-Франција еден, Врховен изборен совет на Република Турција – двајца, Амбасадата на Швајцарија – тројца, Државна изборна комисија Молдавија – двајца, Амбасада на Република Албанија – четворица, Амбасадата на Турција – еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово 10 набљудувачи.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226