Заврши гласањето на болните и немоќни лица во Општина Могила

Од:

Во Општина Могила заврши гласањето на сите пријавени болни и немоќни лица, потврдија од Општинската изборна комисија (ОИК) во Могила.

Процесот на гласање почна во 7 часот, изборниот материјал беше навремено и согласно процедура врачен на избирачките одбори чии членови посетија 26 болни и немоќни лица кои гласаа во нивните домови.

Утре на територијата на Општина Могила ќе се гласа на 23 избирачки места, а право на глас имаат 4 661 лице.

На овие локални избори за градоначалник на Општина Могила конкурираат три кандидати, додека за членови на Советот на Општина Могила конкурираат осум листи кандидати за советници во таа општина.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

На осмите по ред локални избори ќе се изберат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје

Горан Наумовски

Куманово со најмногу, Лозово со најмалку гласачи, ќе се гласа на 3.474 избирачки места

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…