Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Од:

Професионалци, луѓе со интегритет ја сочинуваат „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија за Куманово, изјави денеска носителот на листата Иван Стоиљковиќ.

-Иако, станува збор за исклучително квалитетна листа, ние никаде не споменавме дека сме победничка листа. Иако, сите кажуваат дека нивните листи се победнички, а составот на листите е таков што кумановци не ги познаваат. Ние се бориме да бидеме листа која одлучува. Мојот и повикот на „Братска листа“ е повик до граѓаните да ни ја укажат довербата да ги контролираме одлуките на советот на општина Куманово и градоначалникот, не заради лукративни причини, туку зашто градот треба редовно да функционира, рече Стоиљковиќ.

Како пример, носителот на „Братска листа“ ги повика останатите листи кои учествуваат на локалните избори да се откажат од советничкиот паушал, додавајќи дека на неговата листа се поединци кои се оствариле во животот и професијата и се луѓе кои сакаат да го унапредат Куманово. Тој кажа дека во текот на целата кампања немаат кажано ништо против ниту еден опонент, зашто „не нудат програма за справување со луѓе, туку програма за спарување со проблемите во градот“.

Листата, според Стоиљковиќ, ќе се залага за решавање на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор, со јакнење на локалниот економски развој, креирање услови за поддршка на младинското вработување,

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

(ВИДЕО) Со натписи УЧК вандализиран Српскиот културен центар во Куманово

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Иван Стоиљковиќ нов министер за локална самоуправа

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он