Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, најави конкретни мерки и инвестиции со кои населбата Скопје Север ќе стане современо, уредено и безбедно место за живеење, се вели во соопштението од СДСМ.

„Сакам Скопје Север да биде место каде што сите ќе сакаме да живееме. Ќе изградиме пешачка и велосипедска патека за безбеден и активен транспорт, како и Центар за спорт и рекреација – простор за здрав живот и забава за сите генерации,“ изјави Ливриниќ.

Во нејзината програма се предвидува и:

Поддршка за енергетски ефикасни фасади и замена на покриви на колективните згради – за убав изглед и помала потрошувачка на енергија.
Катни гаражи кај Средното економско училиште и зад мини трговскиот центар – за повеќе простор и помал метеж.
Фотоволтаично осветлување на влезовите во зградите – чиста енергија и безбедност за граѓаните.
Маркирани паркинг-простори – ред и удобност за сите.
Реконструкција на пристапните патеки – за безбедно движење на пешаците и возилата.
„Скопје Север заслужува нова енергија и вистинска грижа. Ќе вложиме во проекти што го прават животот полесен, поудобен и посигурен,“ додаде Ливриниќ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат