Ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста, реакција на родителите на жртвите во „Пулс“

Од:

Внимателно ќе го следиме судењето, а ги повикуваме и медиумите и дургите институции да следат што ќе се случува зошто ова нема да биде судење за пожар туку судење за човечноста, совеста и одговорноста, велат од Здружението на ридителите на жртвите во трагедијата во „Пулс“ откако Кривичен суд објави дека првито рочиште за случајот е на 9 ноември.

– Ние, родителите и семејствата на починатите деца, соопштуваме дека со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество.
Очекуваме фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе. Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија.

Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста.

Воедно, Ве известуваме дека, бидејќи добивме датуми за рочишта, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со Маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на нашата упорност и борба за вистината, се вели во соопштението од родителите и смејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“