Судењето за трагедијата во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Од:

Главната расправа за трагичната несреќа во кочанската дискотека „Пулс“ е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата при Казнено-поправната установа Идризово, информираа од Кривичен суд.

Како што беше објавено претходно, обвинителниот акт кој првично беше поднесен од Обвинителството во Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија пренесен во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје, е одобрен во целост. Според АКМИС-системот, предметот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.

Поради интересот на медиумите и невладините организации кои го следат процесот, судот информира дека судиите Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска се изземени од постапување по предметот, поради лично познанство со дел од оштетените, согласно законските одредби.
К
ако втор член на судечкиот совет е определен судијата Ахмед Идризи, во согласност со измените во годишниот распоред за постапување на судиите.

За поефикасно водење на процесот, веќе се утврдени повеќе термини за главна расправа – 25, 26 ноември, како и 2, 4, 10 и 11 декември 2025 година. По почетокот на постапката ќе бидат усогласени и дополнителни датуми.

Судот соопшти дека поканите до странките се во фаза на достава, а поради големиот број обвинети и очекуваниот интерес на јавноста, сите учесници во постапката треба да пристигнат во судницата најмалку еден час пред почетокот на рочиштето, заради безбедносните проверки и навремено започнување на расправата.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“