Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“

Од:

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски даде изјава за медиуми од пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.

„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.

Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.

„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Горан Наумовски

Стојкоски: Ги исплативме наследените четири милиони евра долгови

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он