Ѓорѓиевски: Ако сакаме Скопје да биде европски град, мора да вложиме во генерациите што доаѓаат после нас

Од:

Нема посветла инвестиција од онаа во умот и во срцето на едно дете. Образованието е темелот на секој напреден град, основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината. Ако сакаме Скопје да биде вистински, европски град, мора да вложиме во генерациите што доаѓаат после нас. Токму тие млади луѓе се највредниот капитал што го имаме. Затоа, визијата за образованието која ја нудам преку мојата програма, е визија за отворено, современо и хумано Скопје, град што им дава шанса на сите млади луѓе, без поделби по било каков основ, истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Нашата цел е да изградиме модерен, дигитален и еколошки образовен систем што ќе создава генерации подготвени за предизвиците на 21 век. Млади луѓе кои размислуваат критички, создаваат иновативно и дејствуваат одговорно. За да го постигнеме тоа, мораме да почнеме од основата. Од инфраструктурата, од училиштата. Во периодот што е пред нас, ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје. Во соработка со Владата, ќе изградиме две нови, современи средни училишта, едното во Драчево, нова училишна зграда за СУГС „Браќа Миладиновци“ и другото во Ѓорче Петров, нов објект на „Кочо Рацин“. Тоа ќе бидат модерни, дигитализирани и енергетски ефикасни објекти, вели тој.

Најави дека паралелно, ќе се спроведе целосна енергетска трансформација на сите средни училишта.

-Секое училиште ќе добие фотоволтаици, нови фасади, термоизолација и паметни системи за следење на потрошувачката на енергија. Ќе ја намалиме потрошувачката, ќе ги унапредиме условите и ќе создадеме училишта кои не само што учат за екологија, туку и опстојуваат во склад со неа. Ќе продолжиме со дигитализацијата на училиштата, брз интернет во секоја училница, смарт табли, проектори и дигитални содржини создадени од наставници и студенти. Ќе воведеме AI личен тутор , дигитален асистент достапен за секој ученик, кој ќе објаснува лекции, ќе помага во учењето и ќе ги заменува скапите приватни часови. Во неколку училишта ќе формираме AI лаборатории со 3D модели и интерактивни симулации за да овозможименастава што е привлечна, динамична и блиска до новите генерации, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и им порача на скопјани да не паѓаат на дезинформации

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Горан Наумовски

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Тендерот за автобуси е реобјавен

А1он