СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Од:

Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи. ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани, велат од СДСМ.

„Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево и предвидените проекти таму не можеле да се реализираат. По барање на самите жители општината ја исчисти и таму ќе има игралишта, урбана опрема и зеленило. Мемов зборува за урбанизам, а не ги разбира основите. Општината реализира проекти според важечките ДУП-ови каде овој проект е предвиден и ќе се реализира. Во обид да се прикаже дека нешто откриле, Мемов и ЗНАМ демонстрираа врвно непознавање на процедурите и законите на локалната самоуправа.

Жално е што наместо да понуди конкретни решенија или проекти, Мемов се фати за прес-конференции полни со обвинувања и празни зборови, додека Центар се расчистува, уредува и се трансформира. Секој ден на терен работат екипи на општината и го чистат сметот кој дури не е надлежност на самата општина. Секој ден се гледаат резултатите и ова го боли ЗНАМ. Најлесно е да се напаѓа од страна а многу потешко е да се сработи. Герасимовски сработува, она што го ветил, тоа и го реализира. Граѓаните на Центар не се наивни. Тие гледаат кој стои зад вистинска работа и реални проекти, а кој се обидува да дојде до фотелја со клевети и манипулации, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он