ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен

Од:

Родителите на младите кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска одржаа мирен протест во Кочани, со што го блокираа кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“.

Според најавите, блокадите ќе се одржуваат секој ден по еден час, од 15:15 до 16:15 часот.

– Од Кривичен суд уште немаме информација за почеток на рочиштето, ако не добиеме термин за првото рочиште, ако немаат ефект овие блокади, ќе се преселиме во Скопје пред Кривичен суд, со порадикални мерки. Ќе се догвориме колку дена ќе траат овде блокадите. Ќе се договориме кога би почнале блокадите во Скопје. Адвокатите на обвинетите малку да имаат чувство за нас родителите, излегуваат по медиуми и кажуваат колку ќе трае судењето. Испраќаме апел до Кривичен суд, побрзо да си ја завршат работата бидејќи нашето трпение е при крај. Нашите деца ги убиваат повторно, со тие нивни изјави. На крајот ќе излеземе ние родителите и нашите деца виновни, рече на блокадата една од присутните.

Родителите велат дека на ваков чекор се одлучиле по информациите дека судењето би можело да трае и до 10 или 15 години, што, како што посочуваат, е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он