Шукова: Фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка на најранливите граѓани на Скопје

Од:

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан фонд за лица во ризик со што ќе биде обезбедена здравствена и социјална поддршка во градот, а јавниот простор и транспорт, рече, ќе биде пристапен за лицата со попреченост.

-Градиме центри за дневна грижа за старите лица, отвораме мултисензорски соби во училиштата за децата со пречки во развојот и воспоставуваме програми за обука и вработување на ранливи групи. Нашата цел е јасна – Скопје да стане град на еднаквоста, поддршка и човечка солидарност. Имаме план, имаме решение и знаеме како да го спроведеме сето тоа, затоа што секој човек заслужува достоинствен живот во својот град, истакна Шукова.

Посочи дека во главниот град има луѓе кои живеат незабележани, стари лица кои се сами, жени кои трпат семејно насилство, деца со попреченост кои немаат соодветна поддршка.

-Тоа не смее да биде градската реалност. Имаме јасен план како да создадеме град кој се грижи, град во кој социјалните услуги се достапни, човечки и блиски до секого, додаде кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Центар – прва општина со „здравствен хаб“

ЗНАМ: За Куманово – општина со рамномерен развој на инфраструктурата

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нова атракција – нов, модерен луна парк, целосно ќе ја обновиме и Зоолошката градина

Катерина Ѓуровски

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и реални мерки за граѓаните

А1он