Премиера на театарската претстава „Животот е краток и нејасен“

Од:

Во среда, 22-ри октомври, од 20:00 часот, во Македонска Филхармонија ќе се одржи светската премиера на претставата „Животот е краток и нејасен“, во режија на најдобриот полски режисер Гжегож Кемпински, работена според истоимениот текст на Марјан Анѓеловски.

Во 2069 година, серија мистериозни убиства го потресуваат градот. Пред оваа загатка стои началникот Гроздан, кој е симбол на некомпетентноста, корупцијата и урнатиот систем на загубени вредности.

Преку една жестока пародија, оваа апсурдна комедија ќе Ве насмее до солзи, но и ќе Ве натера да се запрашате: „Кои сме и каде одиме?“

Автор: Марјан Анѓеловски
Режија: Гжегож Кемпински
Играат: Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски – Максим и Ивана Стамевска
Продукција: Алтернативен Театар Отпишани – Скопје
Цена на билет: 600 денари

Билетите по специјална цена можете да ги набавите на:

https://mktickets.mk/event/zivotot-e-kratok-i-nejasen/

Би можело да ве интересира

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ ја остави Филхармонија со 96% Македонци и само 4% Албанци за 20 години

А1он

Македонска филхармонија го отвора 65. издание на “Охридско лето”

Виолин Фест Битола

Катерина Ѓуровски

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани