Бекам со 183 сантиметри е како мало дете меѓу О’Нил и Минг

Од:

Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира со двајца пензионирани НБА центри. Таа набрзо стана вирална поради разликата во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер кој е висок 183 см и Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см).

Подготвителниот натпревар за новата НБА сезона во која играа Финикс Санс и Бруклин Нетс се одигра во Макао, а заврши со победа на Санс.

Бекам, поранешниот ас на англиската фудбалска репрезентација, на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан, сега е еден од ко-сопствениците на Интер Мајами.

Јао Минг и Шек некогаш беа доминантни центри во НБА лигата.

Кинескиот кошаркар ја помина целата своја НБА кариера со Хјустон Рокетс, со просек од 19 поени и 9,2 скока по натпревар, а Шек останува најдоминантниот кошаркар на сите времиња за многумина.

Трикратен шампион на НБА со ЛА Лејкерс и шампион со Мајами Хит е незапирлива сила под обрачот откако влезе во лигата во 1992 година.

Тој ја заврши кариерата со 23,7 поени и 10,9 скока по натпревар.

Двајцата се во Кошаркарската куќа на славните.

Би можело да ве интересира

Дејвид Бекам ја доби престижната титула „Сер“

А1он

Бекам без двоумење: Меси е најдобриот играч на сите времиња

А1он