Битиќи: Кога премиерот Мицкоски ќе каже на митинг дека економијата успева, погледнете во вашите фактури

Од:

Кога премиерот Мицкоски ќе каже на митинг дека економијата успева, погледнете во вашите фактури и без неговите розови очила тоа да го гледате и да му кажете-премиере индустријата ти паѓа за 3,5 отсто, преработувачкиот сектор за 1,4 отсто, инфлација околу 4 отсто, 1,8 милијарди долг за 13 месеци и ефект нула на вашите трошоци, 250 милиони евра ветени за стопанството од унгарскиот кредит-ефект нула, освен неколкуте фирми кои виделе ефект од тоа, истакна пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер за економскин прашања, Фатмир Битиќи на денешната средба со стопанственици од Струмица, која се одржа во рамки на предизборната кампања на локалните избори.

Тој додаде дека на овие избори пораката со гласањето не е да го поддржите СДСМ, туку пораката е дека го знаете вистинскиот избор за човек за кој знае да се грижи на локално ниво, но и да се прати пораката на национално ниво дека го утнале патот, дека нивниот пат не води никаде, носи во провалија.

-Сметам дека улогата на општината е да биде сидро на предвиливост, кога централната власт ја губи контролата врз економската активност, општината, од друга страна, мора да биде прецизна и јасна во својот однос кон бизнис заедницата. Како тоа се прави-со градење на доверба. И таа е првата обврска кон локалната економија-да се обезбеди средина во која секој производител, праработувач, инвеститор знае каде е, порача Битиќи.

Посочи дека локалните избори се токму за ова, за да се избере правата насока на локалната економија, во која општината ќе биде рамка за ред и стабилност, а не простор за импровизација, каде што локалната економија има простор да расте со додадена вредност, а не да тапка во место.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Марјан Даскаловски, потенцираше дека малите и средни претпријатија се двигател на локалната економија, тие отвораат работни места, создаваат додадена вредност и ја одржуваат динамиката на нашиот град.

-Како локална самоуправа, нашата цел ќе биде да ја зајакнеме поддршката кон нив преку олеснување на административните процедури, стимулирање на нови инвестиции и создавање услови за побрз развој. Особено значајно е и регионалното поврзување, преку организирани настани и соработки со соседните градови од Бугарија и Грција, ќе отвориме нови можности за нашите компании да се поврзат со странски партнери и пазари, истакна Даскаловски, кој пред стопанствениците ја презентираше неговата изборна програма од која ги наведе најголемите проекти што планира да ги реализира.

На денешната средба со стопанствениците од Струмица присуствуваше и поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

(ВИДЕО) Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф?