(ВИДЕО) Манасиевски: Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани наместо затворски, доби куќен притвор

Од:

Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор. Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази е заштитен од судот на СДС и ДУИ. Газдата на Марковски компани кој е близок до Заев и Филипче наплатил по 16.000 денари за час ископ со машини во РЕК, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Криминалот кој траел со години и кој заврши со испумпување на над 200 милиони евра од тендери од РЕК и ЕСМ сега е на пат да биде амнестиран. Нема да дозволиме судството на СДС и ДУИ да ги ослободува криминалците кои ја украдоа државата. Газдата на Марковски компани мора да каже каде завршија милиони евра од тендерите, дали крајна дестинација биле фирми на Заеви во Бугарија и Дубаи, дали со тие пари е финансирана СДС и дали со тие пари се купувани други бизниси на Заеви? Почитувани, одговорноста наскоро доаѓа. Тоа што некои судии се дрзнуваат да работат по диктат на Заев и Филипче, наместо по закон наскоро ќе биде санкционирано и ќе има одговорност за секој еден. Во наредните неколку денови ќе продолжиме со објавување на криминалите на Марковски компани, за целата јавност да се запознае како е ограбувана Македонија, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

Меѓу приведените нема актуелни директори на РЕК Битола, реагира ЕСМ

Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината