Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

Од:

„Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште во првиот круг и дека навистина проектите коишто ги започнавме ќе ги продолжиме да ги реализираме во годините коишто се пред нас. Со задоволство можам да кажам дека реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов. А исто така сакам да најавам и нови проекти коишто ги планираме за следниов период. Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вонредно значајно за овие три населени места“ рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Рече дека „преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат кој што оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета односно да функционира и самата брана која што ќе е многу значајна за целиот овој регион“.

„И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри. Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот кој што го правиме во рамки на општината, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската гевгелиската ќе е најголема железничка станица. И ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути. Мислам дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место не само во државата туку во целиот регион и за бизнис и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар“ порача Николоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Николоски: Во 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

А1он

Николоски: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година, во контакт сме со ЕУ

А1он

Николоски: Во функција ставена клучката што ги спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн