Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

Од:

„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош.

Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот.

„Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател“ потенцираше Филипче.

„Оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија,“ подвлече Филипче, повикувајќи на единство, разум и отпор против лагите и поделбите.

„Јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се прпелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Карпош.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

А1он

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски