СДСМ: Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило

Од:

Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари. Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, не знаат што да прават со родот кој со месеци го произведуваа со трошоци и труд, а државата не презема мерки да им помогне, велат од СДСМ.

– Дополнителен удар за земјоделците е фактот што субвенциите за пиперката од минатата година сè уште не се исплатени. Ова е јасен доказ за целосниот хаос и неспособност во земјоделската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ предупредува дека ова е една од најтешките години за земјоделството, а владата нема ниту план, ниту организација, ниту волја да им помогне на земјоделците. Ако продолжи оваа незаинтересираност, наредната година Македонија ќе се соочи со рекордно ниско производство и со сериозни економски последици. Лошата организација на откупот и изостанокот на финансиска поддршка кон стратешки извозно ориентираните култури, како што се пиперката, доматот, праската и јаболкото, веќе создаваат големи загуби. СДСМ бара Владата веднаш да преземе мерки, да воспостави јасна динамика на откуп, да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за предадената пиперка и итно да ги исплати заостанатите субвенции, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски