Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Од:

Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.

„Ова е порака дека Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите играчи, дека не може политиките во Струга да се решаваат во Скопје на лидерски маси, дека Македонија е подалеку и од Групчин, и дека овој дел од Македонија не треба да биде заборавен, и да биде предмет за нечии коалициски апетити“, истакна Мојсоска.

Во однос на црната кампања и обвинувањата дека Левица соработува со ДУИ, Мојсоска одговори дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица никогаш не амнестирала заедно со ДУИ, ниту пак дозволила функционери како Артан Груби да избегаат неказнето.

Според неа овие избори ќе бидат најбрутални.

„Апел на овие избори ќе биде дека не можеме 35 години нашиот глас да го продаваме за работно место, за работа во државна администрација. Таквите политики што сега ќе ги гледаме каде ќе уценуваат и купуваат гласови, стигна до тоа во Македонија секоја година да ни се случува една колективна трагедија од системски пропусти“, изјави Мојсоска.

Таа истакна дека корупцијата, партизацијата и нефункционалниот систем чинат човечки животи, а борбата против овие појави е нејзината најголема мотивација и причината поради која е дел од Левица. „Верувам дека нема ништо поскапо од човечкиот образ“, порача Мојсоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола