Смртна казна за критикување на претседателот

Од:

Сабер Шушан (56) од Тунис е осуден на смрт поради објави на социјалните мрежи во кои го критикувал претседателот Каис Саид, објави „Дејли меил“.

Адвокатот Осама Бутаље изјави дека судот во градот Набел го осудил неговиот клиент на смрт поради објави на интернет кои биле оценети како навредливи за претседателот.

„Ова е шокантна и невидена одлука. Веќе поднесовме жалба против пресудата“, нагласи Бутаље.

Според бранителите, Шушан не бил политички активист, туку слабо образован работник кој изразил незадоволство од тешките економски услови и политиките на претседателот.

„Веќе живееме во сиромаштија, а сега на тоа се додаваат угнетување и неправда. Не можеме да веруваме“, рече неговиот брат.

Иако смртната казна е законски можна во Тунис, таа не се извршува повеќе од три децении.

Сепак, оваа одлука предизвика силни јавни реакции и негодување на социјалните мрежи, а бројни активисти за човекови права ја окарактеризираа како обид за заплашување на сите критичари на владата.

Би можело да ве интересира

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Помина 30 години во затвор – прва жена по 200 години ќе биде погубена во државата Тенеси

А1он

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

ВИДЕО: Снимка од експлозијата на бродот од Флотата на Тунберг за Газа, Тунис демантира дека е дрон

Смртна казна за мажот кој жива ја запали својата сопруга поради бојата на кожата

А1он

За трговија со дрога во Виетнам 11 осуденици добија смртна казна

А1он