Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

Од:

Вчера граѓаните на Крушево јасно порачаа дека обидите за цензура на Левица од страна на власта на ДПМНЕ не поминуваат лесно. Народот, како што истакнаа од Левица, го препознава хибридниот режим на премиерот Христијан Мицкоски и бара промена. На собирот во Крушево присуствуваа кандидатот за градоначалник Зоран Јанески, носителот на советничката листа Атанас Најдоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, велат од Левица.

Кандидатот за градоначалник Јанески нагласи дека неговото минато е чисто и дека за разлика од неговите противкандидати нема сомнителни тендери, ниту пак користел функции за лична корист.

„Мојата цел е да отвориме нови работни места за обичниот граѓанин. Ќе се посветам целосно на работата и ќе работам исклучиво за доброто на сите. Крушевчани добро знаат дека кога нешто ќе почнам, тоа и го реализирам во целост. Во изминатиот период не се отвори ниту едно вистинско работно место за обичниот работник, освен за партиска администрација. Во иднина, вработувањата ќе бидат исклучиво според способностите и образованието,“ изјави Јанески.

Тој додаде дека достоинството на работникот мора да биде вратено и дека општината може да се обнови единствено со чесна работа и одговорно управување.

„Силата е во нас. Со работа можеме да ја обновиме општината која беше уништена,“ порача Јанески.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира