Маринковски: Бранителите ќе бидат ослободени од комунални давачки

Од:

Во општина Илинден Левица испишува историја – со кандидатот за градоначалник, Марјан Маринковски, за првпат Левица настапува со кандидат за градоначалник и оди кон убедлива победа”, беше истакнато на средбата со граѓани во општина Илинден, на која, покрај кандидатот за градоначалник, Марјан Маринковски, и носителот на советничка листа на Левица, Ацо Христовски, присуствуваа и претседателот на ПП Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и останатите кандидати за советници.

Кандидатот за градоначалник Марјан Маринковски истакна дека веднаш ќе поднесе иницијатива – бранителите да бидат ослободени од комуналните давачки.

-Мојата работа ќе биде сведена на многу проекти со акцент на патната и канализационата инфраструктура во источниот блок на општината каде што сите населени места се запоставени. Во Програмата на Левица е предвидена изградба на Спортско – рекреативен центар, кој досегашните власти го ветувале цели 29 години”, истакна кандидатот за градоначалник од Левица, Маринковски.

Левица се залага и за изградба на спортски терени и паркови површини, бидејќи, како што вели Маринковски, територијата на општина Илинден е бетонизирана – само 3 улици се градат другите се во кал и прашина. Целта на Левица е, главно, задржување на младите во Општината.

Носителот на советничка листа на Левица, Ацо Христовски, кој е и актуелен модератор на ЛО Илинден на средбата рече дека како дипломиран филолог веб – програмер е запознат со сите проблеми и ситуации со кои локалното население се соочува.

,,Доаѓам од Бунарџик каде што поради еден проект што се спроведува, на народот му го блокираат единствениот пат до нивните домови – манипулираат со луѓето, бидејќи тој надвозник место да се направи за година – година и пол, од тоа нема ништо”, рече носителот на советничка листа на Левица, Ацо Христовски.

Христовски го спомена проблемите со: канализација во поголемиот дел од општината; катастрофалнта инфраструктура; минималното вложување во централниот дел и немањето асфалт на малите населби.

На средбата беше потенцирано дека Левица има одлична програма за општина Илинден, креирана од самите жители.

Би можело да ве интересира

Левица отсекогаш била партија на народот, каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Ацков

Апасиев: Левица се факторизира како втора партија во државата

Левица поднесе претставка за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради забраната за рекламирање

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица, тоа се само празни, неиздржани обвинувања, вели Филипче

(ВИДЕО) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица