Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Од:

Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите.

Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6%, а вредноста за 28,3%. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3%) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

Се зголемува и користењето на платежните картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4%, а нивната вредност за 11,4%. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8%), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9%).

Овие податоци јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Би можело да ве интересира

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра

Инфлацијата 4,1 отсто во 2025

Катерина Ѓуровски

Седница на Советот на Народната банка: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%