Димитриевски: На ромската заедница и е потребна суштинска интеграција

Од:

Лидерот на движењето ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски гостуваше во емисијата на ромски јазик “Дружба без служба“ на што се емитува онлајн на порталот “Рома прес“, каде зборуваше за предизвиците со кои се соочува сега и очекува да ги има и во иднина, а кои особено се однесуваат на проблемите во секојдневиот живот на Ромите, особено во населбата Средорек. Тој нагласи дека во минатото и денес се реализирани голем број на проекти кои барем 80 отсто се финансирани од Буџетот на општината.. Но, вели, имаа нешто што е многу поважно од тоа.

“Суштината не е во целосната имплементација на ваквите проекти со кои правиме напори да го подобриме животот. Многу поважно е дека на ромската заедница и е потребна суштинска интеграција во општеството. Што значи тоа? Тоа значи Ромите – кои се најмаргинализирани од сите заедници во државата, да имаат еднаков пристап и еднакви услови со сите други во образованието, но и со отворање на перспективи во вработувањата, да ги видиме Ромите, рамноправни и со Македонците, и со Албанците и со Србите и со Турците и со Власите, како стручни и компетентни кои ќе бидат барани и вработувани во најреномираните кумановски фирми. Тоа е нашата мисија“, потенцираше Димитриевски.

Затоа, вели тој, наместо да организираме Декади на Роми во кои “се вртат“ многу финансиски средства, а малку од нив завршуваат онаму каде што најмногу требаат, потребни се суштински чекори кои ќе ја исправат неправдата и кои ќе овозможат Ромите да почнат да чекорат напред во својот живот.
Димитриевски ги повика Ромите да се грижат за својата околина во која живеат и побара поддршка од нив на изборите што следат за конечно расчистување на дивите депонии и нивното полнење – како од самите жители, повеќе од надворешни лица, со воспоставување на систем за пријавување за секој нелегален истовар на отпад. На тој начин, опкружувањето во кое секојдневно функционираат.

Во емисијата гостуваше и кандидатот за советник од Движењето ЗНАМ за наша Македонија – Самет Салиевски, кој доаѓа од редовите на ромската заедница. Тој, најави повеќе проекти што во идниот период ќе бидат реализирани за доброто на кумановските Роми.

Би можело да ве интересира

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахитите на Халкидики

Филипче: Мицкоски не се заканувај, никој не ти се плаши

Предраг Петровиќ

Димитриевски: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда-честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат

Предраг Петровиќ

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу