Марковски: Пречистителната станица е еден од најскапите проекти за Скопје

Од:

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација. Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот.

– За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, истакна Марковски.

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.

Тој продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.

Марковски ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска.

Би можело да ве интересира

Марковски: Безбедни и функционални мостови, а не град на препукувања и префрлање одговорност

Граѓанската платформа „Независни заедно“ го претстави независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, професорот д-р Горан Марковски

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша истиот проект за пречистителна поради кој го разреши Перински, и го клеветеше Мицкоски

Педесетина компании заинтересирани да ја градат скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Жарко Настоски