(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Од:

Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска. Овој тип на напади, кои не се аргументирани ниту се базираат на критика за политички ставови или јавни настапи, туку се сведуваат на лични навреди, сексистички коментари и деградација на жената како личност, претставуваат закана не само за слободата на изразување, туку и за достоинството на секоја жена која се бори да биде дел од јавниот и политичкиот живот, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека од една страна сите заедно се трудиме да ги вклучиме младите во општествениот живот, да го користиме потенцијалот на секој млад поединец, од друга страна речиси и да нема случај во кој младите, особено жените или девојките не се соочиле со ваков или сличен напад. Жените во политиката секојдневно се соочуваат со пречки, но кога тие напади доаѓаат во форма на отворен говор на омраза, тогаш тоа е аларм кој не смее да го игнорираме.

Ве повикувам сите вас, граѓаните, организациите на женските права, сите политички партии, кандидатите за градоначалници, носителите на советничките листи, Хелсиншкиот комитет и сите граѓански здруженија, кои се борат против дискриминација и говор на омраза, да заземат јасен став и јавно да го осудат ваквиот напад.

Ова не е само напад само врз една жена или девојка, ова е напад врз сите оние кои одлучиле да не молчат, да бидат активни и да се борат за промени. Нашата борба против говорот на омраза нема да престане, а поддршката за нашата Луна е безрезервна. Во време кога како општество треба да градиме толеранција, дијалог и еднаквост, секој ваков случај мора да биде јавно осуден и институционално санкциониран, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Oд осум наследени арбитражи, три завршија во полза на Македонија, вели Митева

Горан Наумовски

Митева: Сто и девет пациенти со предлози и барања на телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

А1он

Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност