Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

Од:

Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ (со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира), еве некои прашања. Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски? Дали министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски – додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и МОН) молчат, изјави Јована Мојсоска од Левица.

„Градоначалникот во заминување – кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки – токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори. Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање – на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека Стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка (камоли во приватна). Оттука, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга? П.С. Кој со кого се амнестира и кој со кого се пазари изминативе 35 години, на Стружани им е многу јасно“, истакна Мојсоска.

Би можело да ве интересира

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Левица: Буџетот наместо развој нуди нов циклус на задолжувања и безнадежност

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски